(ВИДЕО) БАБА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА БРУТАЛНО ПРЕТЕПА ЛОПОВ ВО ПРОДАВНИЦА

0
271

80-годишната бабичка Џун Тарнер од Велика Британија доби награда за храброст откако со стап успеа да избрка крадец од нејзината продавница.

Лицето побегнало со украдени 50 фунти и кутија цигари, а набрзо било пронајдено од полицијата и уапсено.

Оваа несекојдневна ситуација ја снимија безбедносните камери во продавницата која е во сопственост на Тарнер веќе 45 години.

Поради храброста, Тарнер доби награда која се доделува секоја година на луѓето кои покажале храброст во некоја ситуација. Тарнер се заблагодари за оваа награда и порача дека е подготвена да се жртвува за своето семејство.