(ВИДЕО) АЈДЕ КИРАЦ ЧУЛ ТЕ ГОСПОД: Зад нас е година на економско придвижување и интеграција, 2019 ќе биде година на економски раст и повеќе пари кај граѓаните!

0
1005

Прес конференција,
Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ
Скопје, 23.12.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Зад нас е година на економско придвижување, повеќе пари кај граѓаните, интеграциски напредок, јасен правец на движење и развој на општеството.

По 11 години изолација, неизвесност, осиромашуавње и уназадување, Македонија денес знае каде оди, чекори кон членство во ЕУ и НАТО, како вистински партнер на демократскиот свет.
Македонија доби покана за членство во НАТО и наскоро станува 30 земја членка на Алијансата.

Започна скриниг процесот со Европската Унија, а во јули 2019 година може да започнатпреговорите за членство и отворањето на првите поглавја.

Ставивме крај на 25 годишниот спор со Грција, којшто не влечеше надолу. Со Договорот од Преспа македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност трајно ги заштитивме и обезбедивме.

На полето на економијата, преку план за економски раст и реализација на клучни мерки ја придвиживме економијата. Обезбедивме раст на платите, повеќе пари за секое семејство, раст на економијата, силно ги помогнавме фирмите за отворање нови и подобро платени работни места.

Минималната плата ја зголемиувме на 12.000 денари и таа се однесува на сите стопански гранки, вклучително и за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои претходно добиваа пониски плати. Денес, околу 90.000 граѓани добиваат повисоки плати, 90.000 семејства имаат поголем семеен буџет, подобар стандард, подобра живејачка.

Растот на минималната плата ја отвори спиралата на раст на платите. Просечната плата во октомври 2018 изнесува 24.817 денари што е за 6,3 отсто повеќе отколку за истиот месец во 2017 година. Согласно растот на платите, растат и пензиите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Исправувме и една децениска неправда, го решивме проблемот со стечајците. Околу 8.100 стечајни работници добиваат по 7.596 денари месечен надоместок.

За прв пат сериозно ги намалуваме трошоците за граѓаните. Трошоците за нотарските и извршителските услуги се намалени од 50 до 90 отсто, а со новите тарифници 16 ставки целосно се укинуваат. Донесовме сериозно финансиско олеснување за голем број наши сограѓани.

Ставивме крај на репресивната казнена политика и воведовме опомена пред казна. Крај на злоупотребите, самоволието и изживувањето врз фирмите и граѓаните со нова праведна казнена политка.
Глобите се намалуваат за 75%, а нивната висина ќе биде пропорционална на прекршокот. Истовремено, за првпат се воведува градација помеѓу малите средните и големите претпријатија

Го реформиравме системот на социјална заштита, создадовме систем кој извлекува од сиромаштија и заштитува ранливи граѓани.
2018 беше година на рекорден износ на странски инвестиции. Само во првото полугодие од годината забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра.

По стабилизирањето на економијата, по надминувањето на наследените проблеми од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, бруто домашниот производ последователно растеше во два квартала. Во вториот квартал економијата порасна за 3,1 отсто, а во третиот квартал раст од 3 отсто.

Растеше индустриското производство и извозот.Невработеноста е намалена на 20,8 отсто и за првпат во државата има под 200.000 невработени лица.
Сериозно се инвестира и во инфраструктурата, во нови патишта, пруги, мостови. Преку сериозен инвестициски циклус, се градат нови и се реконструираат повеќе патни правци низ целата држава.

Зад нас е година во која беа обезбедени повеќе пари за земјоделците, се инвестираше во зголемен ученички и студентски стандард, во нова опрема во здравството.
Почитувани граѓани,
Следната 2019 година е година на економијата и подобар животен стандард.

Трендот на раст на платите ќе продолжи и во 2019 година. Обезбедуваме раст на платите во сите сектори.
Вработените во здравството, образованието, градинките, социјалната заштита, одбраната, судството, полицијата во 2019 година добиваатпоголеми плати за 5 отсто. Додека лекарите специјалисти добиваат поголема плата за 10 отсто.

Преку зголемената државна помош за претпријатијата, ќе растат платите и во приватниот сектор.
Лицата приматели на социјална помош добиваат и до 300 отсто повисока социјална помош а околку 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток.

Се намалуваат трошоците за земјоделците. Со воведување на мерката зелена нафта, се обезбедува 30 отсто поддршка за земјоделските стопанства при набавка на нафта за земјоделска механизација.

Во наредната година сериозно ќе се зголемат средствата за гасификација, за инфраструктурни проекти, ќе се градат и реконструираат автопати, ќе се инвестира во железничкиот сообраќај, ќе се градат водови и канализациски мрежи.

Невработеноста очекуваме и понатму да опаѓа до под 20%. Економијата и инвестициите дополнително ќе пораснат со членството во НАТО и доближувањето до Унијата.

Во 2019 година продолжуваме да работиме домаќински, одговорно и во интерес на сите граѓани.
Како одговорна партија остануваме посветени на политиките што обезбедуваат капитални инвестиции, економски раст, повеќе пари и членство во НАТО и ЕУ.