(ВИДЕО) Ахмети на Бихаќка на средба со Заев

0
777

Попладнево во седиштето на СДСМ во Скопје се одржа средба помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата не сакаше да дава изјави туку најави соопшение.

По средбата идентично соопштение беше испратено и од ДУИ и од СДСМ. Ви го пренесуваме во продолжение:

„Ова е прва средба на лидерско ниво помеѓу Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на СДСМ Заев по предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година.

На средбата начелно се разговараше за ставовите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања. Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста благовремено ќе биде информирана“, стои во соопштението од средбата.

Фото – Алсат-М

Видео – 24 Вести