(ВИДЕО) Атанасов: Груевски си поигрува со имињата на училиштата во Чаир

0
944

P.Atanasov(2)

Социјалдемократскиот сојуз изразува револт за начинот на кој Никола Груевски си поигрува со чувствата на граѓаните и судбината на имињата на училиштата во општина Чаир, вели Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=brKjPNEl970[/youtube]

Oбидите за насилно прекршување на неколку законски процедури и инспекциски забрани очигледно некој намерно ги заборава. Таблите на преименуваните училишта во Чаир се поставија и останаа со години и покрај поведена управна постапка. Сега јавноста повторно е соочена со акција за довршување на политичкиот договор меѓу Груевски и Ахмети.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, гордо изјавува дека ги променил имињата на две училишта кои со децении ги носат имињата на хероите-патриоти, Цветан Димов и Јане Сандански. Но, ниту еден друг податок не може официјално да се провери. Кој, што и како одлучил не ни е јасно. Јасно е едно, дека на официјалната интернет страница на општина Чаир имињата на повеќето училишта се веќе преименувани и имаат нови имиња.

Нејасно е зошто претставката на Државниот инспекторат за локална самоуправа до Уставниот суд веќе три години седи во фиоката на уставниот судија Јован Јосифовски. Веројатно се чекало да падне партиска одлука во време кога Македонија е навлезена во длабока уставна, политичка и општествена криза.

Сето ова се случува со одобрение и амин на нелегитимната Влада, односно на Министерството за образование и министерот Абдулаким Адеми, кому веќе видовме дека образованието не му е јака страна.

Јавноста реагира затоа што го препознава лажниот патриотизам на Никола Груевски, неговата трговија со интересите на граѓаните и продажбата на интересите на државата.

Социјалдемократскиот сојуз поддржува само политики и проекти кои имаат за цел соработка и унапредување на животот на граѓаните, независно од нивните разлики. Доста ни е од лажниот патриотизам на Никола Груевски. Оставка!