(ВИДЕО) Андреевски: Неверојатни 4.2 милиона евра ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија и тоа само за две недели!

0
1046

Прес конференција,
Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика,
Скопје, 13.01.2017

Почитувани граѓани, почитувани преставници на медиумите,

Неверојатни 4.2 милиона евра, според наши информации ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија!

4.2 милиона евра ќе платиме сите ние, граѓаните за струјата што се увезува и тоа само за период од две недели, од 7 јануари, заклучно со 22 јануари.

Претставниците на власта во ЕЛЕМ не смеат да ги кријат овие информации од јавноста.

Граѓаните треба да знаат дека ако РЕК Битола работеше стабилно, ако работеа ТЕЦ Неготино, ТЕЦ Осломеј, оваа зима, во најголемите студови на минус 20 степени, Македонија немаше да биде во ризик да остане без струја.

Ова што ни се случува деновие ги открива криминалните политики на власта во заминување, Македонија е оставена без доволни количини на електрична енергија произведена дома и без реални инвестиции во домашните енергетски капацитети.

До кога граѓаните ќе плаќаат по 4 милиона евра на секои две недели?

Што ако студот продолжи до крајот на зимата?

Срамно, безобразно и несовесно од страна на менаџментот на ЕЛЕМ е да не убедува дека снегот што се ќе се стопи напролет ќе не спаси од ново покачување на струјата.

Од тие причини потребно е итно да се формира нова Влада на Македонија којашто ќе води реални политики.
Како што се обврзавме пред граѓаните, ќе ги активираме сите домашни енергетски капацитети.

Мораме да ги искористиме сите природни ресурси.

Граѓаните на Македонија следната зима да не стравуваат дека ќе останат на свеки, без греење на студ.

Повторувам, бараме, апелираме да се почне со штедење, наместо да се осветлуваат објекти и споменици. Увезената електрична енергија е прескапа во овој момент за ваков тип на луксуз.