(ВИДЕО) Ангелов: Љубе ќе излезе и ќе направиме десна коалиција која ќе го удри режимот директно во срце

0
321

Пуштете го брат Љубе затоа што ни треба нам и на Обединети за Македонија, но и на нас од Достоинство, и на другите помали десни партии за најпосле да ја направиме нашата десна коалиција со која ќе го удриме режимот директно во срце, рече претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

– Затоа, директоре на затворот, ти даваме уште една шанса од неколку дена, како што реков, работите нема да завршат добро. Љубе има семејство кое го чека, и ти имаш семејство. Како можеш да ги гушкаш твоите деца или твојата сопруга, знаејќи притоа дека спротивно на затворските правила, спротивно на затворската практика, држиш човек во затвор, човек бранител кој што во 2001 година беше министер за внатрешни работи, човек кој што стоеше на чело на македонската полиција, на чело на македонската одбрана, рече Ангелов.