(ВИДЕО) Ангелов: Не наседнувајте на провокациите и игрите на Ахмети и Груевски

0
524

Како се приближува разрешницата на бомбите односно изборите кои се закажани за 5 јуни, така ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преку Никола Груевски и Али Ахмети се обидуваат со нивните игри во меѓуетничките односи да го одвлечат вниманието на јавноста кон нова потенцијална војна во Македонија, да рашират страв во државата и меѓу граѓаните. Ова го кажа лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов според кој ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ кризата што ја создаваат ја користат да ја обвинуваат најголемата опозициска партија дека таа е виновна за непреземање на активности бидејќи сега е министерот од редовите на СДСМ, пренесува А1он.

-Го повикувам Никола Груевски и Али Ахмети да престанат да си играат со емоциите и безбедноста на македонски граѓани и на Македонците и на Албанците, премногу е провидна нивната игра, никој повеќе не им верува, рече Ангелов.

Според него, поставувањето на двоглавиот орел на кој што стои амблемот на УЧК на место кое ги иритира Македонците е неприфатливо.

-Доколку Албанците сакаат да ги чествуваат нивните борци од УЧК тие тоа можат да го направат без притоа да ги иритираат Македонците односно таквите споменици да ги стават на места каде што тие живеат во апсолутно мнозинство, вели Стојанче Ангелов.

-Крстот е симбол на христијанството, не треба да дозволиме да служи за поткусурување или подгревање на меѓуетничките тензии, рече Ангелов. Како што вели тој, ставот на мнозинството на Достоинство е доколку повторно ваквите тензии кои како што вели тој Груевски и Ахмети намерно ги создаваат излезат од контрола, тие ќе се пресметаат со политичарите, а потоа со екстремистите.

Изјавата може да ја погледнете ОВДЕ(А1он)