(ВИДЕО)Човекот кој секој ден, 31 месец, протестира пред Министерството за правда, Бранковиќ: Можат да ме убијат, ама да ме запплашат – не!

0
581

Откако почнаа продемократските протести, Душан Бранковиќ (70) од Скопје со транспаренти во раце, секој ден во 18 часот, протестира пред Специјалното Јавно обвинителство. Претходно, секој работен ден од 10 до 12 часот, веќе 31 месец.

Сам, со транспарентите, мирно протестира пред Министерството за правда на Република Македонија, бидејќи не е задоволен од одлуката на Врховниот суд на Република Македонија, со која земјиштето кое му припаѓа, им е доделено на други лица. За него веќе пишувавме пред три месеци. Тој ја продолжува својата битка.

„Протестирам затоа што ова судство е под капа на власта. Имам информации од луѓе што, ми кажуваат дека во Скопје се врти група на луѓе кои се претставуваат во име на Мијалков, ги решаваат ваквите случаеви како мојот“, вели Бранковиќ.

На прашањето на ЦИВИЛ – Медиа дали очекува физички напади, Бранковиќ одговори: „Можат да ме убијат, ама да ме заплашат – не! Јас сум од едно скопско маало каде не постои страв“, ни изјави Бранковиќ.

Тој, во разговорот со нас во седиштето на ЦИВИЛ, побара поддршка и од демонстрантите, да застанат заедно со него, во неговата борба за правда.

Тој додаде дека поднел писмено барање до Министерството за правда да го разгледаат неговиот случај, но нема никаков одговор.

Извор: Цивил