(ВИДЕО)Целата прес конференција на Зоран Заев: Лицето Ѓорѓе Иванов изврши државен удар, ОДИМЕ НА УЛИЦА!

0
583

zaev.pressМакедонијо, лицето кои на криминални избори го постави Никола Груевски на чело на државата направи државен удар. Уништувајќи ја земјата се обидува да ги спаси од криминалот оние што и направија зло на сопствената земја, на сопствениот народ. Тој стана директен соучесник во злосторничкото здружение, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Тој сака парите од криминалната банда да не бидат вратени. Од денеска правната држава не постои. Го погазија достоинството на народот. Го погребаа Договорот од Пржино. Тоа нема да го дозволиме. Заедно со граѓаните од денеска застануваме во одбарана на Македонија. Бараме заштитникот Иванов веднаш да поднесе оставка. Доколку тоа не го стори државата ја доведува во состојба пред експлозија. Собранието мора веднаш да биде свикано. Криминалците мора да одговараат за криминалот, невините да можат да ја докажат својата невиност. Јас, Зоран Заев, ќе ги предводам граѓаните во враќање на државноста на Република Македонија, на улици, по села, низ градови. Ако досега некој имаше некоја дилема, Иванов ја расчисти таа дилема. Мора да победи Македонија. Ние не застануваме овде – изјави Заев.

Тој рече дека повикот за протест од денеска е испратен и опозицијата ќе ги искористи сите алатки кои и стојат на располагање за враќање на демократијата.

– Треба да знаат граѓаните дека штом ќе бидат ослободени и независни институциите актите на Иванов ќе бидат ставени вон сила. Законот за помилување е нефункцинален, новите одредби од законот не оживеале. Нема законска можност Иванов да аболицира, помилива или слично. Ниту барав, ниту прифаќам амнестија, не сме сите исти и не сме сите криминалци. Јас сум невин и својата невиност сакам да ја докажам и не ја прифаќам оваа одлука. Не дозволувам да бидам ставен во ист кош со сите криминалци во власта. Ги пивикувам сите што се невини да побараат да биде повлечена оваа одлука на Иванов – заклучи Заев.

Тој повтори дека бара оставка од Иванов, ако тој не ја поднесе дека ќе покренат процес за негово отповикување.