(Видео+Фото) Денес хонорарците ги преплавија скопските улици, се протестираше и се поднесоа повеќе од 6.000 претставки до Уставниот суд

0
413
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Повеќе стотина граѓани денеска се собраа на протестен марш од Министерството за финансии до Уставниот суд, каде поднесоа повеќе од 6.000 претставки против законите со кои на хонорарците им се наметнува да плаќаат придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување.

hh 3

– Денеска сме дојдени со оваа вага, која би требало да ја означи правдата во Македонија. На оваа вага стои криминалот од едната страна и граѓаните од другата страна. За кого треба да судат овие судии во оваа зграда? Денеска сме тука да ги охрабриме нив и да им кажеме дека не нè интересира по која линија се поставени и како се стигнати таму. Денеска сме тука за да им кажеме дека правдата е на наша страна – рече Јасмина Голубовска од платформата за граѓанска политика „Ајде“.

hh 2

Од „Ајде“ велат дека осумте закони што се однесуваат на хонорарците се неуставни и бараат Уставниот суд да донесе привремена мерка со која ќе се запре нивната примена.

– Денеска ги повикавме граѓаните заеднички да ја поднесеме иницијативата во која 6.040 граѓани се јавуваат како подносители. Како што најавивме и на самиот почеток кога ја почнавме акцијата, со оваа иницијатива бараме Уставниот суд да донесе привремена мерка со која ќе се запре примената на овие осум закони. Бараме јавна седница на која ќе се расправа за иницијативата и конечно ќе се поништат неуставните одредби од законот. Овие закони се неуставни затоа што хонорарците имаат обврска за плаќање придонеси, а ги немаат оние загарантирани права што произлегуваат од работен однос. Одредбите се дискриминаторски, нејасни за граѓаните, неприменливи и сметаме дека го нарушуваат принципот на владеење на правото. Дел од одредбите се и ретроактивни – рече Нада Наумовска од „Ајде“.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=JscYkOmJqrs[/youtube]