(ВИДЕО)СЈО за акцијата во Централен регистар: Ги добивме сите потребни документи

0
1579

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги добиле сите барани документи од Централниот регистар, потребни за дел од истрагите што ги води, соопшти на денешната прес-конференција, обвнителката на СЈО, Ленче Ристовска.

Обвинителката рече дека нема уништени материјали меѓу оние што биле предмет на нивен интерес.

– Во Централен регистар немаше уништени документи, а наш интерес беа, односно ги баравме регистарските влошки за одредени компании основани во Македонија – изјави Ристовска, одговарајчи на новинарско прашање во врска со минатонеделната акција на СЈО во Централниот регистар.