(ВИДЕО)Стевчо Муња го надмина Амди Бајрам: Вакво простачко однесување нема ниту во Подржи Коњ!

0
903

ДУП-от за Тафталиџе 2 ги зовре страстите на советниците од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Карпош, иако како точка воопшто и не беше на дневен ред на седницата, јавува Телма.

Советниците од СДСМ го оценија донесувањето на планот на ден пред Бадник е нетранспарентно, бидејќи имале само 15 минути да го разгледаат, а ниту тогаш ниту подоцна не можеле да расправаат за него, бидејќи го немале на увид.

Градоначалникот Јакимовски возврати дека ДУП-от за тој дел е донесен законски, а токму опозицијата со лажење ги револтирала граѓаните да излезат на протести. Мнозинството советници побара донесувањето на ДУП-от да не се нарекува криминален чин.

– Кога велиме на криминален начин, не велиме дека за тоа ќе одговарате. Вие за друго ќе одговарате, немаше криминал. Јасно му е и на колегата. Се употребува метафора, бидејќи го ставивте на дневен ред не однесовте во мала канцеларија или лабараторија и не ставивте во позиција да не знаеме да им објасниме на граѓаните како и зошто дојде до вакво каубојско носење, рече Магдалена Несторовска – советничка СДСМ.

– Како висок полициски функционер паднат од Господ во Министерство за внатрешни работи ми се заканувате дека јас ќе сум одговарал за нешто. Еве јавно да ви кажам, дека и ти и оној министер Оливер Спасовски ќе ми плукнете под прозор сите заедно. Втора работа. Морутс пијан да сум јас глупости не правам. Затоа не ви се плашам, а се обидувате со полицајци да кружите околу општината да најдете нешто, ама ќе најдете шипки варени, врати Стевче Јакимовски – градоначалник на општина Карпош.      

Видеото може да го погледнете ОВДЕ