(ВИДЕО)Спасовски: Владата ги поттикнува функционерите и вработените во МВР да вршат кривични дела

0
422

Оневозможен сум од страна на Владата да раководам со сите ингерeнции во МВР во овие исклучително тешки моменти во државата, па според тоа и да одговарам за последиците од вакво свесно креиран хаос во Министерството, информира на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Според информациите кои ги имам државниот секретар во МВР ја презема улогата да раководи со МВР. Тоа законски не е можно, а со тоа се создава безвластие и компелетн хаос. Јас сум министер за внатрешни работи, побарав да ми биде прифатена оставката, но тоа не се случи. Законот кажува дека се уште сум министер за внатрешни работи и затоа не прифаќам никакви палијативни решенија и комбинации на заедничко раководење со МВР на ваков начин како што се презема. Со тоа не можам да ја преземам ниту одговорноста за состојбите кои се случуваат во вакви чувствителни моменти, појасни Спасовски.

Последните два дена директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Љупчо Андоновски и државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска надвор од законските надлежности, посочи Спасовски, издаваат усни наредби на потчинетите за одземање на канцелариите, сменување брави, исклучување на картици на дел од вработените чии решенија Владата ги поништи.

Наредбите не биле почитувани во Секторите за внатрешните работи во Штип и Струмица, како и во Одделот за организиран криминал и во Управата за безбедност и контраразузнавање. Во таа насока, вчера наутро Спасовски свикал состанок, но се појавил единствено директорот на Јавна безбедност Горанчо Савовски. Со тоа, нагласи Спасовки, покажуваат дека откажуваат послушност во делот на хиерархиското работење, поради  што најави дека ќе преземе мерки врз основа на законските решенија.

– Не сакам во ниту еден момент работите кои треба да ги извршам и се моја надлежност, да не ги извршувам се со цел да се загрозува безбедноста на граѓаните на РМ и правам максимално напори за комуникација за работите да бидат стабилни, рече Спасовски.

Според него, Владата на РМ со донесените одлуки создала услови за извршување пуч во МВР. За него, како што рече, од неразјаснети причини премиерот не ја испочитувал јасно изразената волја преку неговата поднесена оставка на функцијата министер за внатрешни работи за да биде констатирана од Собранието. Двапати Владата, подвлече, ги поништи решенијата донесени од него и правилниците за систематизација, врз основа на информација доставена од неовластен подносител спротивно на законот. На тој начин, оцени, целосно се дерогира правниот систем и се направи целосен хаос во МВР и во функционирањето на принципит на хиерархија.

– И покрај моите укажувања, предупредувања, наредби доставени до директорите и органите во составот на МВР и сите вработени да ги почитуваат законите, Владата со последната одлука донесена во полноќните часови, пред распуштањето на Парламентот, без и јас како министер за бидам поканет на таа седница, го зададе завршниот удар на правниот систем на РМ и на нормалното функционирање на МВР, изјави министерот за вантрешни работи Спасовски.

Тој тврди дека Владата со одлука му забранила како министер за внатрешни работи да потпишува документи и на тој начин да раководи со органот.

– Освен што ми забрани да ги извршувам своите со закон утврдени надлежности, Владата ги поттикна остантите функционери во Министерството да ги спроведат овие незакаонски одлуки и на тој начин да вршат и кривични дела, рече Спасовски на денешната прес-конференција.