(ВИДЕО)Почна судењето на Чауш: Режимот подметнал докази – Началникот за компјутерски криминал од МВР не знаеше да одговори зошто со налог барале дрога, а ги заплениле компјутерите на децата на Чауш!?

0
709

Зошто полицијата во домот на Захир Бекири Чаушот вршела претрес со налог за дрога а запленила компјутери беше прашањето на кое началниот за компјутерски криминал од МВР неможеше да одговори. Рече дека се барала дрога, но инспекторите виделе материјали и машини за кои претпоставиле дека можеби се за изработка на нелегални документи , по што го повикале и секторот за компјутерски криминал, пренесува „Телма“.

Но началникот не одговори зошто биле запленети компјутерите на децата каде според обвинителството се пронајдени фајлови за фалсификувани лични докуманти.

Одбраната на Чауш и неговиот брат Имер во судница отвори сомнеж за неправилности во истрагата.

Во судница беа сослушани сведоци чии лични карти биле објавени во весникот Фокус. Тие потврдија дека нивни податоци се користени за лични карти во кои се вметнати туѓи фотографии.  Се очекува да биде повикан и новинарот Арсиќ кој ќе биде сведок на обвинителството и ќе треба да појасни од каде и од кој ги добил лажните лични карти кои ги пријави во полиција.

Обвинителството тврди дека Чаушот и неговиот брат се познатата фабрика за лични карти која ја открил новинарот Љубиша Арсиќ. Освен лични карти според обвинителниот обвинетите изработувале пасоши, лекарски уверениа и нотарски договори.

Погрешен наслов на нотарски печат најден во куќата на Чауш е доказ дека биле фалсификувани нотарски акти. На печатот наместо Основен пишували општински суд . Во документацијата биле пронајдени и обрасци за лекасрки уверение користени в суд за намалување на затворски казни.

ВИДЕО прилогот може да го погледнете ОВДЕ