(ВИДЕО)Николовски: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како да е специјализирано за субвенционирање на медиумите кои одработуваат за Груевски

0
521

Изјава за медиуми на Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство:

Изјавите на министерот Цветков откриваат нови сомнежи дека се уште се прават злоупотреби во Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство и парите наместо кај земјоделците, завршуваат кај сопственици на медиуми, блиски до власта.

Со парите на граѓаните, со парите на земјоделците се финансираат медиумите на Никола Груевски задолжени за шират лаги и да ја кријат вистината за криминалното владеење на фамилијата.

Според парите што ги имаат добиено „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, фирми семејно врзани со телевизиите „ТВ Нова“ и „Сител“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како да е специјализирано за субвенционирање на медиумите кои одработуваат за Груевски.

Веќе објавивме дека сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан кој е сопственик и на фирмата„Трансмет“, за 17 месеци преку МЗШВ добива тендери во висина од околу 5 милиони евра.

cvetkov-intervju

Но министерот Цветков неодамна изјави дека „Трансмет“ има добиено тендер во висина од 8,5 милиони евра за изградба на системот за наводнување Равен -Речица, а најавува и можност за добивање на нов тендер на фирмата на Сеад Кочан, сопственик на ТВ НОВА, за браната Речани,  кој што е во тек.

Како што рече Цветков, за него не било важно дали градежните фирми имале телевизии или не.

Освен Сител телевизија чиј сопственик е синот на Љубисав Иванов Ѕинго, коалициониот партнер на Никола Груевски и „Нова“ Телевизија се натреварува  кој повеќе ќе го фали Груевски.

За период од една недела, од 16.02.2016 до 22.02.2016 на МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа, емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 5 часа и 58 минути.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема воопшто. Ама затоа негативните прилози за СДСМ се во времетраење од 2 часа и 22 минути.

Ова е уште една потврда зошто се потребни слободни медиуми.

Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори. Избори со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми.

Оние што го прекршиле законот и ги злоупотребиле парите на граѓаните, мора да одговараат.