(ВИДЕО)Манчевски: Што барале владини функционери да водат интервјуа во Град Скопје

0
592

„На минатата седница за советнички прашања на советот на Град Скопје, што се одржа на 26 јуни, бевме сведоци на скандалозно признание од страна на Коце Трајановски. На одговор на советничко прашање, Коце Трајановски призна дека во просториите на градот Скопје, во комисијата за интервјуа на кандидати за директор на Музејот на град Скопје, биле и Никола Поповски – министер за надворешни работи, Елизабета Канчевска Милевска – министер за култура и Бранислав Светозаревиќ – директор на т.н. Музеј на ВМРО“ изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=RsKeP0uRRic[/youtube]

Што барале овие владини функционери да водат интервјуа во Град Скопје? Музејот на Град Скопје нема никакви допирни точки со дипломатијата. Музејот е институција под целосна ингеренција на локалната власт, така што во оваа прилика спорно е и присуството на министерката за култура и на директорот на Музејот на ВМРО.

Се работи за класичен пример на поклопување на државата од страна на владејачката партија. ВМРО-ДПМНЕ си воделе партиски интервјуа, во просториите на Советот на Скопје. Нивната дрскост оди до таму што министри од Владата решаваат за се и сешто, што не е нивна работа. Очигледно професионалноста и искуството не се главен критериум при изборот на кандидатите, туку партиската лојалност. Нема никаква поделба помеѓу централната и локалната власт. Се е Никола Груевски.

Деновиве сме сведоци како Никола Груевски насекаде вели дека ќе ги почитувал сите препораки нотирани во извештајот на ЕУ. Дури и самиот си направил агенда за тоа. Ама, едно зборува, друго прави.

Се додека Никола Груевски е дел од Владата, нема никакви шанси за одвојување на владејачката партија од државата. Човекот кој е креаторот на проблемите нотирани во извештајот на ЕУ, не може да биде дел од решението. Овој случај е уште една потврда дека Никола Груевски треба да поднесе оставка. За своето соучесништво во овој скандал кој јавно го призна на минатата седница, одговорност треба да поднесе и Коце Трајановски.