(ВИДЕО)Манчевски: Коце да ја повлече одлуката за улица на Кејот!

0
1029

damjan1

СДСМ бара градоначалникот на Скопје Коце Трајановски да ја повлече одлуката за изградба на надземна улица на Кејот на Вардар.

– На ова место не може и не смее да има сообраќајна улица. Доколку Трајановски остане слеп послушник на Груевски и не ја промени одлуката, во координација со советниците од општина Центар, СДСМ и коалицијата ќе поднесат иницијатива за промена на ДУП-от за оваа улица да остане пешачка зона. Кејот е на граѓаните на Скопје и таков мора да остане. Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро – порача Дамјан Манчевски, координатор на советничка група на СДСМ и коалициски партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.

СДСМ и коалицијата остро се спротиставуваат на одлуката на Коце Трајновски и ВМРО-ДПМНЕ за изградба на улица на кејот на Вардар. Најавуваат дека ќе ги преземат сите мерки за да ги заштитат интересите на граѓаните.

– Овде ќе поминува нова сообраќајна улица. Со одлуката на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ овој дел од кејот на Вардар ќе биде одземен од граѓаните на Скопје. На оваа скица од ДУП се гледа каде е предвидено да поминува улицата. Токму на сред пешачката зона на кејот, помеѓу ГТЦ, зелениот појас и терасите на угостителските објекти. СДСМ уште пред 7 години предупредуваше дека ова ќе се случи. Со договорот за градење на зградата на денешен Телеком, инвеститорот „Дивелоп Груп“ имаше обврска да изгради подземна сообраќајница. За потсетување, се работи за фирма на Александар Ивановски, познат како Алек Теранова, којшто Груевски го спомнува како бизнисмен под негова контрола, во еден од објавените разговори од проектот Вистината за Македонија – рече Манчевски.

Тој потсети дека тогаш СДСМ предупредил дека нема никаква економска логика да се гради подземна сообраќајница и дека со тек на време таа ќе стане надземна.

– За жал, сме биле во право. На 21 декември 2012 година, општина Центар, под раководство на Владимир Тодоровиќ и ВМРО-ДПМНЕ, го смени ДУП-от и подземната улицата стана надземна. Коце Трајановски никогаш не смееше да дозволи ова да се случи заради бизнис интересите на милениците на Никола Груевски. Вака предвидената улица ја загрозува безбедноста на граѓаните, особено на најмладите. Оваа улица го уништува слободниот простор на шеталиштето покрај кејот на Вардар. Оваа одлука е целосно спротивна на усвоените мерки за безбедност на сообраќајот. Ова е класичен пример на узурпација на јавен простор и газење на волјата на граѓаните – додаде Манчевски.

Меѓу мерките што ќе се преземат ќе биде и оспорување на одлуката пред Уставен суд, но Манчевски не очекува дека овој суд ќе ја заштити волјата на граѓаните, туку напротив дека ќе ги заштити интересите и волјата на Никола Груевски.