(ВИДЕО)Манчевски во Кратово: Државна социјална пензија за сите, без разлика дали работеле или не

0
320

Manchevski-Kratovo-685x320Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска беше помеѓу граѓаните на Кратово.

Кратовчани зборуваа за секојдневните проблеми коишто им ја отежнуваат живеачкат со години наназад.

Во 21 век немаме чиста вода за пиење, зарем ова не кажува доволно како живееме овде во Кратово, рече еден од граѓаните.

Додека џебовите на сопственикот на Сител телевизија се полнат со пари на граѓаните, само за да продолжи пропагандата, овде граѓаните пијат нездрава вода. Владата на Груевски имаше 5 милиони евра за Ѕинго и Сител телевизија а немаше за основните потреби на граѓаните, за вода. Затоа на овие режимски медиуми се крие катастрофалната состојба во којашто овде се живее, платени со пари на граѓаните, истакна Манчевски.

Граѓаните во Кратово се интересираа за мерките од Програмата на СДСМ за подобрување на животниот стандард и на социјално загрозените граѓани, сиромашните и останатите ранливи групи.

Имаме тим, имаме програма, знаеме како да ги промениме работите. Една од мерките во програмата е сите жени коишто ќе наполнат 62 години и сите мажи коишто ќе наполнат 64 години ќе добиваат државна социјална пензија. Оваа државна социјална пензија ќе биде во висина од 60% од просечната пензија. Оваа пензија ќе ја добијат сите без разлика дали работеле или не. По промените, проблемот со чиста вода за пиење во Кратово ќе биде конечно решен, рече Манчевски.

Во Кратово потпретседателот Манчевски се осврна и на актуелната политичка ситуација во земјава.

На следните фер и слободни избори граѓаните ќе одберат иднина за Македонија. Наша обврска е да ја вратиме државата на вистинскиот пат и таа обврска ќе ја исполниме, потенцираше Манчевски.