(ВИДЕО)Ласло Ковач: Груевски нема кредибилитет во Европа

0
562

Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија, Ласло Ковач и претседателот на Партијата на европските социјалисти и поранешен премиер на Бугарија, Сергеј Станишев апелираат за фер и демократски избори со легитимно избрана влада, како предуслов за напредување на членството на Македонија кон Европската Унија.

По денешните обраќања на конференцијата насловена како „Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија“, тие за НОВА велат многу е важно да се сработи домашната задача во земјава, која некогаш беше лидер споредена со земјите од Западен Балкан.

Ковач, кој со своето богато политичко CV, доаѓа од земја чиј премиер (Виктор Орбан) го нарекуваат “модерен диктатор“ во Европа, а владеењто на Груевски го споредува со премиерот во неговата земја, потенцирајќи дека Груевски нема кредибилитет во Европа.

– Мислам дека владата на господинот Груевски нема никаков кредибилитет во Европа. Неговото владеење стануваше се понедемократско. Тие немаат кредибилитет и мислам дека во интерес на земјата и на македонските граѓани е да имаат фер и слободни избори. Идејата на премиерот Орбан е да владее со пет последователни мандати со де факто правилата на една партија. Тоа би било крајот на демократијата во Унгарија. Во Македонија, политиките на Груевски и неговата партија се многу слични. Тие не се демократски воопшто, тие се против владеењето на правото а тоа не оди во полза на интересот на граѓаните на Македонија, вели Ковач за НОВА.

Целата изјава може да ја погледнете ОВДЕ