(ВИДЕО)И МВР дувло на фантомски гласачи: 40 гласачи регистрирани во зграда на полицијата во Лисиче

0
548

Зграда на полицијата во населбата Лисиче, во минатото полициски интернат, има 40 гласачи. Во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија сите се наведени на истата адреса, јавува „Телма“.

Станови нема, има канцеларии и други простории за потребите на полицијата. Нејасно е откаде во овој објект во државна сопственост, кој претставува Сектор за прекршоци,  се наведени жители со право на глас.

Дали се работи за лица кои не се одјавени над 10 години од таа адреса, или пак како и во случајот со некои  други објекти  во државна сопственост, на таа адреса биле издавани лични документи со наведено живеалиште за извесен број на луѓе, можеби по примерот на лицата од Пустец, останува нејасно.

Целата сторија ОВДЕ