(ВИДЕО)Источна Македонија УМИРА, кој може бега од ВУКОЈЕБИНАТА на Грујо: Рударите од Пробиштип заминаа во Србија на работа

0
874

Пусти се улиците во Пробиштип и Злетово, останале само пензионерите, стечајците, жените и кучињата скитници, пренесува „Телма“.

Рударите кои пред седум месеци останаа  без работа, веќе заминале по парче леб  во рудниците во Србија и Косово, каде имаат плата од 800 евра.

Сепак изборот на нов концесионер за олово-цинковните рудници Злетово и Тораница влева надеж кај повозрасните жителите дека младите и рударите ќе се вратат во овој регион.

Синдикатот алармира дека околу 1.000 рудари во Пробиштип и Крива Паланка последниот паричен надоместок ќе го дибијат во април, поради тоа мора да се рестартираат рудниците.

Бугарски Минстрој е избран за нов концесионер на рудниците, но две фирми кои беа исфрлени од електроската лицитација поднесоа жалби дека се обесправени.

Во тек е и стечајната постапка, засега Собранитето на доверители неможе да го продава имотот.

Рудниците Злетово и Тораница во моментов се одржуваат од страна на државата, стечајната управничка набавила и нова пумпа со цел да не се поплават рударските окна.

Новиот концесионер, кој пред неколку дена официјално беше преставен  најави дека ќе инвестира во овие рудници, а на рударите ќе им обезбеди  опрема и безбедни услови за работа.

Видео прилогот може да го погледнете ОВДЕ