Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

(Видео)Интервју на Зоран Заев за А1он: Амнестијата е невозможна, има да го вратат сето тоа што е украдено од Македонија

Ние ја ветивме цела вистина и таа ќе излезе до крај. Никој нема право да го сопре овој процес ниту да ја сокрие вистината, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за А1он, а по шпекулациите дека се врши притисок, опозицијата да прекине со објавување на снимените разговори.

zaevIntervju-685x320

За предлогот на претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски дека власта и опозицијата треба да направат меѓусебна амнестија, вели дека такво нешто не е можно.

Кој сум јас како политичар да зборувам за амнестија? Има Устав, има закон, не само што мора да паднат, мораат да одговараат за кршењето на законот. Има да го вратат сето тоа што е украдено од Македонија, постојат закони во Македонија, и се кое што согласно законот е украдено е надвор од она што е докажливо дека е заработено на чесен и законски начин, сетоа тоа има да го вратат.

Овде никој нема право да зборува за амнестии, или за замижување а се во функција на некој дијалог. Јас сум само еден граѓанин на Македонија, а важна е иднината на сите граѓани на Македонија.

Не може Заев да застане на другата страна, јас се борам против тоа. Согласно Устав и закон, секој што се огрешил, има да одговара, рече Заев.

Гледајте го интервјуто со претседателот на СДСМ, Зоран Заев кое ќе биде објавено на А1он во 20 часот.

Делот од интервјуто може да го погледнете ОВДЕ(А1он)

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ