(ВИДЕО)Заев за „Пуч“: Судот не сака да се утврди правдата!

0
614

Никаде во светот не постои суд којшто избегнува, одолговлекува и не сака да утврди правда. Ете зошто сениорската група на Прибе сугерираше Поглавја 23 и 24, реформи во правосудството. Еве зошто во договорот од Пржино стои реформи во правосудството. Ова го нема никаде во светот, освен најверојатно во Северна Кореjа, изјави лидерот на СДСМ денеска по одложувањето на рочиштето за случајот „Пуч“.

– Под изговор на класифицирани информации, судот којшто не поседува сертификат за класифицирани информации, не го доставува предметот на Специјалното јавно обвинителство. Истото Специјално јавно обвинителство коешто поседува сертификат за класифицирани информации. Тоа значи само едно, одолговлекување до бесвест за Заев, Верушевски и другите ги сликаат пред судот, борејќи се за правда во пресрет на предвремените парламентарни избори. Никаде во светот не постои суд којшто не сака да утврди правда – рече Заев.

На прашањето кој е сведокот што го бара специјалната обвинителка Катица Јанева, тој рече:

Сведокот е единствен во овој предмет, се вика Никола Груевски. Тој избегнува да се појави овде пред судот. Тоа е вистината.

Заев нагласи дека меѓународната заедница и САД се големи пријатели на Македонија и вложиле огромни напори и време за иднината на Македонија.

– Верувам во делот на политичкиот процес да продолжат да вложуваат напори, не очекувам нешто во делот на судството и правосудните органи – додаде Заев.