Friday, March 21, 2025
11.8 C
Skopje

(ВИДЕО)Димитриевски: Никој од власта не ги посети војниците кои штрајкуваат со глад

maksimdimitrovski

На очиглед на сите, овде, пред Собранието на Република Македонија со денови со глад штрајкуваат војници на АРМ. Никој од власта дошол да ги види.Никој со денови не го проверил нивното здравје. Станува збор за припадници на Армијата на Република Македонија, реагираше Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

– Власта не сака да го реши статусот на над 80 војници кои наполниле 38 години а не се опфатени со Законот за враќање на професионалните војници на работа. Ова што се случува со Армијата е голем срам за државата. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ го газат достоинството на професионалните војници. Пари за армијата нема, војниците немаат облака, немаат чизми. Партиската припадност е поважна од професионалноста. Се случуваат кадровски чистки. На овие професионалци мора да им биде решен статусот, да бидат ангажирани како и нивните колеги – рече Димитриевски.

Тој рече дека СДСМ ја поддржува иницијативата поднесена во Собранието од поранешните професионални војници за рашавање на нивниот статус.

– Денеска ги посетивме војниците коишто овде штрајкуваат со глад, им понудивме помош во ќебиња, вода, лекови, топла облека и во се што можеме – истакна Димитруевски.

ОВАА НЕДЕЛА

ОЈО ФОРМИРА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА ПРОТИВ 27 ЛИЦА И ТРИ ФИРМИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе...

ОДРЕДЕН 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА БЕКТЕШИ И 12 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се...

МАТТО ДОНИРА 3,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ

Стопанската комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ