(Видео)Генерал Ангелов: Власта има платено 2 милиони евра на луѓе кои треба да се претстaват како УЧК и да го одвлечат вниманието од БОМБИТЕ на Заев!

0
403

angelov 1

Стојанче Ангелов на протестот пред обвинителството кажа дека предупредил уште пред две недели дека власта има платено 2 милиони евра на луѓе кои треба да се претстaват како УЧК во кумановско-липковскиот регион за да го одвлечат вниманието од политичката ситуација во државава, пренесува А1он.

-Нападот е врз карулата и од четири гранични полицајци е одземено оружјето. Денеска очекуваа дека СДСМ ќе излезе со една од потешките бомби, па побрзаа да го покријат тој настан. Одговорно тврдам дека единствен командант на УЧК е Али Ахмети кој е во љубов со Никола Груевски, и нема шанса никаква акција да изврши УЧК без да знае Али Ахмети.

Ова што се случува е или по наредба на Али Ахмети во што јас лично не верувам или е некоја небитна група која се претставува како УЧК и мислам дека Ахмети ќе расчисти со нив зошто го валкаат нивниот бренд, рече Ангелов.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=CeeKpBaIAXk[/youtube]