(ВИДЕО)БОМБА на Кирацовски: Никола Груевски со ДОВЕРЛИВ ДОКУМЕНТ се штител да не прозборат неговите соработници за тендерите преку кои милиони евра на граѓаните завршувале во фамилијата на власт!

0
767

„Денес ќе слушнете како Никола Груевски се штител да не прозборат неговите соработници за тендерите преку кои милиони евра на граѓаните завршувале во фамилијата на власт.

Груевски од позиција на премиер знаел и молчел, значи дозволувал, спорни и незаконски тендери преку кои се одлевале милиони евра народни пари во фирми блиски до неговите најблиски соработници“, рече на денешната прес конференција, Александар Кирацовски, дополнителен заменик -министер за информатичко општество и администрација, во оставка.

„Доказ е овој владин документ, насловен како „Информација за функционирањето на МИОА од 2007 до 2012 година“ во кој што се потврдуваат сите индиции за сериозните криминали во министерството што ги обелоденивме.

Документот е направен и потпишан од еден од најблиските соработници на Груевски, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Овој документ, се додека ние не го откривме, се чувал во тајност.

Ќе потсетам, токму во фирма на братучед на министерот Зоран Ставрески  која беше дел од конзорциумот за реализација на проектот Интероперабилност, завршиле 850.000 евра.

Илјадници евра во фирми блиски до власта завршиле и за проектот психолошки тестови за администрацијата и софтвер за тестовите. Во фирма на сопственикот на Алфа ТВ, поврзана со кумот на Мијалков, завршиле 15 милиони долари за дел од проектот Компјутер за секое дете. Сето тоа одело преку Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска.

4 години досега Груевски знае и молчи за наодите на Пешевски во овој владин документ, нелогично назначен како “доверлив“, со оглед на информациите од јавен интерес.

Се поставува прашањето:

Дали Груевски ја нарачал анализата на сомнителните тендери во МИОА преку неговиот послушник Владимир Пешевски за да обезбеди молк од соработниците?

Со какви други документи во кои се потврдуваат неправилности и криминал, Никола Груевски во молк ги држи неговите соработници, кои досега несфатливо покриваат очи и уши на вистината за нивниот шеф – криминалец?

Ова е само уште еден доказ зошто Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ во власта нарачаа аболиција кај Ѓорге Иванов и зошто бегаат од регуларни избори.

Очекувам надлежните институции веднаш да се позанимаваат со скандалозната инволвираност на Груевски во незаконските тендери во МИОА, а најавувам дека по промената на власта содржината на овој документ ќе ја направиме достапна за граѓаните.

Сите кои направиле или учествувале во криминал ќе одговараат“, изјави Кирацовски.