ВЕЧЕРВА ПРЕГАЗЕНА 24 ГОДИШНА ДЕВОЈКА НА ПЕШАЧКИ КАЈ СИТИ МОЛ, ОД УДАРОТ И ПОВРЕДИТЕ ЗДОБИЕНИ ПОЧИНА НА ЛИЦЕ МЕСТО

0
496

Девојка на 24-годишна возраст вечерва го загуби животот кај „Сити мол“ откако била прегазена од автомобил, информираат од МВР за „Фокус“.

Според првичните информации, во неа удрил 22-годишник, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Лудачкото возење низ Скопје зема нов данок во крв.

МВР изминатите месеци презеде силни контроли во обид да ги намали несреќите но дел од Скопјани и понатаму возат како лудаци, особено помладите генерации кои така се докажуваат како опасни фраери.

Дел вината ја имаат и филмовите како FAST AND FURIOS каде младите се учат дека е секси и фраерски да се вози брзо и неодговорно, но во основа така се загрозуваат животите на сите и на возачите кои возат лудо и на пешаците и на сите учесници во сообраќајот.

Дел од младите дури се сликаат на социјалните мрежи како ТИК ТОК каде брзото возење се прикажува со видеа како голем подвиг.

Можеби треба да се крене границата на давање дозвола на 30 години за човек кога ќе има развиен зрел мозок да може да управува со кола…