ВЕЧЕРВА ОД 21 ЧАСОТ СО ПОЧЕТОК НА МЕЧОТ ГЕРМАНИЈА – ШКОТСКА ЗАПОЧНУВА УЕФА ЕУРО 2024

0
129

Воведниот натпревар го игра домаќинот Германија против Шкотска во натпревар од групата А на натпреварувањето, што се одржува на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Пред натпреварот ќе има и традиционално отварање на кое ќе му биде оддадена почит и на легендарниот фудбалер Франц Бекенбауер кој почина на 7 јануари годинава.

Актуелен шампион е Италија, која триумфираше во изданието во 2021 година одложено за една година поради пандемијата на коронавирус и тоа против Англија на пенали