Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

Верушевски: Шпиунажата не е семеен бизнис!

verus-515x300

Прв кој проговори за случајот ПУЧ во судница е првообвинетиот Зоран Верушевски, пренесе Телма.

„Нема комуникација меѓу мене и странски служби, ниту пак Обвинителството има доказ за такво нешто. Обвинета е и мојата сопруга. Господа судии, шпиунажата не е семеен бизнис“, рече Верушевски.

Тој додаде дека е член на СДСМ и дека партијата не е седиште на ниту една странска служба.

„Во моите три децени работа во контраразузнавање ве уверувам дека е невозможно да има шпиунажа, прислушкување и наслиство, бидејќи овие три модели не се компатибилни и никаде во светот не се употребуваат“, појасни тој.

Според Верушевски против правното прислушпкување започнало во 2007 и е креација на Петтата упарва.

Тој твдри дека сите вработенои биле инволвирани и доколку има судски процес сите ќе ги повика да сведочат.

Одбраната бара обвиненито да се одбие и да се врати во обвинителството,.

Поднесеното обвинение е како да ќе се суди за убиство, а не се знае кој е убиениот. Тоа е со многу нејаснотии, апсурди, пропусти, паушални тврдења без докази, тврди одбраната.

Нејзина основна забелешка е дека во обвининението освен што пишува дека се прислушкувани материјали кои треба да се дадат на странски служби, никаде нема која е таа служба и кој и како контактирал со неа.

Во предметот пишува прислушкувани разговори, а никаде не пишува кои се тие разговори.

Според извештајот на колешката Мачкиќ, адвокатите тврдат дека документите кои се назначени „државна тајна“ се најдени кај Верушевски, откриваат криминални дејствија и веднаш, според закон, тие повеќе не се доверливи и им се симнува тајноста. Одбраната реагира и на признанието на еден од обвинетите, кој, според адвокатите, немал можност да упаѓа во системот за прислушување, а системот тоа да не го регистрира.

Според одбраната, барањата на Заев за техничка Влада и предвремени избори не е насилство врз Груевски, туку легитимно барање на лидер на опозицијата. Таа жестоко реагира и на примената на Пи-мерките за кои дозвола дал судија од Основен суд, а не од Врховен како што предвидува законот кога се работи за дело шпионажа и побара одвојување и некористење на овие докази, како и оние кои се појавија на Скајп, Јутјуб, а кои беа објавени во медиумите.

Дека обвинението е апсурдно, за одбраната доволен факт е седницата на Советот за безбедност на која беше присутен и Заев, кој е обвинет за шпионажа.

Излагањето на адвокатите, потоа и на обвинетите сè уште трае. Во судницата не е присутен само Зоран Заев.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ