Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ВЕРИФИЦИРАНИ МАНДАТИТЕ НА 118 ПРАТЕНИЦИ

Фотографија : Лидер.МК
Собранието, со 101 глас „за“ од 117 присутни, го усвои извештајот на Верификационата комисија и ги верифицира мандатите на 118 пратеници. Со ова, мандатот на старите пратеници заврши. Владата ќе ги извршува само техничките функции до изборот на новата влада.

На новите пратеници кои имаат други функции, им престануваат и тие функции. Вкупно шест пратеници ќе ги прекинат своите функции во Владата, која сега ќе извршува само технички задачи се до изборот на новата влада.

Претседателката на Верификационата комисија, Дафина Стојановска, изјави дека Комисијата ги разгледала извештаите на Државната изборна комисија за изборите и дополнителните избори во изборните единици 5 и 6. Биљал Касами побарал да не му се верифицира мандатот, поради што вкупно се верификувани 118 пратеници.

Димитар Апасиев од „Левица“ забележа дека извештајот на ДИК не се совпаѓа со извештајот на Верификационата комисија. Тој го оспори барањето на Касами, велејќи дека Касами свесно потпишал дека ќе учествува во изборите и добил уверение од ДИК за пратеник, па не може да се откаже од нешто што го нема.

”Касами е избран за пратеник и по сила на законот сега треба да има избори за градоначалник на Тетово. На пратеник му истекува мандатот и може да му биде одземен само според Уставот. Пратеник може да поднесе оставка, но на собраниска седница. Собранието треба да му одземе мандат, а не Верификационата комисија како што направивте вие”, рече Апасиев.

Апасиев побара одговор зошто Верификационата комисија ја констатирала оставката на Касами, а не Собранието.Талат Џафери, кој моментално е премиер во техничката Влада, изјави дека не може да има две функции истовремено. Поради тоа, нема да учествува во работата на Собранието се до изборот на новата влада.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ