Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

ВЕНС МУ ДАЛ УВЕРУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНСКИ ДЕКА САД САКААТ ТРАЕН МИР ВО УКРАИНА

Фото : ЕПА

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес дал уверувања дека Вашингтон сака траен мир за Украина за време на својата прва средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој побарал план за решавање на конфликтот пред какви било преговори со Русија.

Разговорот на шефот на украинската држава и претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп со нетрпение беше очекуван во Киев по шокот предизвикан од телефонскиот разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела.

Од состанокот на Венс и Зеленски кој траел околу 40 минути нема некои поголеми објави за тоа како се планира излегување од најтешкиот конфликт во Европа од Втората светска војна.

Венс кажал дека американската влада е посветена на постигнување траен мир меѓу Украина и Русија.

„Всушност основната цел, како што кажа претседателот Трамп, е дека сакаме војната побрзо да заврши. Сакаме да престане убивањето. Не некаков мир по кој ќе продолжи конфликтот во источна Европа по само неколку години“, кажа Венс по состанокот.

Украинскиот претседател на социјалната мрежа Икс напиша дека се „спремни да напредуваат најбрзо што може кон вистински и гарантиран мир“ и ја поздрави „решителноста“ на Трамп кој, како што додаде, „може да придонесе на завршување на војната“.

Пред светската дипломатска и одбранбена елита во Минхен украинскиот претседател ги постави своите услови за дијалог со Москва.

„Ќе се сретнам со Русите, со само еден Русин, со Путин, но само кога ќе имаме заеднички план со Трамп, со Европа“, кажа Зеленски.

Трамп претходно кажа дека во овој момент нема „спремен план“ за сопирање на војната.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ