ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СО ДОБРА ВЕСТ: ЗА ПРВ ПАТ ВО НАШАТА ИСТОРИЈА, ВЕЧЕРВА ЌЕ СЕ ПРАВИ ОПЕРАЦИЈА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ, ДА ИМ ПОСАКАМЕ НА ДОКТОРИТЕ И НА ПАЦИЕНТОТ УСПЕХ!

0
1049

Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја. Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор.

Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација. Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи.
Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пацинетот! ❤️
Фејсбук статус на Венко Филипче.