ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СЕ СРЕТНА СО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОКОЈНАТА 40 ГОДИШНА ДОНОР НА ОРГАНИ, ЈАСМИНА ЛИЧНО ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ

0
273

Утрово се сретнав со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне.

Фејсбук статус на министерот за здравство Венко Филипче.