Wednesday, March 19, 2025
-3.2 C
Skopje

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СЕ СООЧУВА СО БОЈКОТ ОД СОПАРТИЈЦИТЕ, НА ПРЕТСТОЈНИОТ КОНГРЕС НА СДСМ ТОЈ ЌЕ БИДЕ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА, ЌЕ ГО ГЛАСААТ САМО НЕГОВИТЕ ПОСЛУШНИЦИ ШТО ПРЕТСТАВУВА КЛАСИЧЕН ПРИМЕР НА ПОЛТРОНСТВО

Венко Филипче ќе биде единствен кандидат за претседател на изборите кои СДСМ ги закажа за 16 март. Рокот истече, а Филипче како што веќе објави партијата само тој поднел канидатура и програма за партијата.

Во СДСМ во моментов се одвива т.н активна регистрација, на која членовите во партијата се пријавуваат за гласање на изборите, на кои социјалдемократите по само речсии девет месеци повторно ќе го бираат Филипче за лидер. Според статутот на СДСМ делегатите на партијата се 700 на број и се сите по функција како што се претседатели на месен одбор, советници, пратеници, членови на ИО низ општините итн.

Според процедурата Филипче, како и неговиот претходник Ковачевски поради оставката на Заев, го завршуваат неговиот мандат кој истекува на 21 март. Дел од поранешните функционери на СДСМ, кои не брифираа за ,,Народен Глас” кажаа дека не се кандидираат и спроведуваат тивок бојкот со цел да не бидат алиби за како што велат дебаклот кој што и претстои на партијата на локалните избори.

Од таму велат дека ниту претходното, ниту актуелното раководство не најде сили да седне на маса и да ги отвориме картите и да се погледнеме во очи и за поразот на изборите и освоени само 150 000 гласа, но и за начинот на кој се спроведоа изборите во СДСМ во јуни и сите неправилности но и за анализа на 7 годишното владеење, грешките од тоа владеење и реафирмирање на партијата во политичките води бидејќи сега како што е СДСМ е партија без политички и јасен став како за домашната така и за надворешната политика и спротивен курс од левичарските политики, велат бивши функционери на СДСМ за ,,Народен Глас”.

ОВАА НЕДЕЛА

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ПИРОГОВ, СОСЕДНА БУГАРИЈА ПОЧНАЛЕ САМОСТОЈНО ДА ДИШАТ

Четворица министри од Бугарија и од Северна Македонија ја...

ВО БУГАРИЈА КРВ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОЖЕ ДА СЕ ДАРУВА И ВО ВОЕНО-МЕДИЦИНСКАТА АКАДЕМИЈА (ВМА)

Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија се приклучи на крводарителската...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ