ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СЕ ПОФАЛИ СО РЕНОВИРАНАТА КЛИНИКА ЗА ОРТОПЕДИЈА КАДЕ ЌЕ СЕ ПРААТ СПЕЦИФИЧНИ ХИРУРШКИ ЗАФАТИ КАКО ШТО Е ТУМОР НА КОСКИ

0
868

На Клиниката за ортопедија, после неколку децении, при крај се реконструктивните зафати каде на крајот од месецот ќе се сместат пациенти со многу специфична патологија како тумори на коски и останати комплексни зафати кои се работат на оваа Клиника. Реконструираниот оддел за Таруматологија веќе подолго време е во функција, за што му честитам на директорот д-р Александар Трајановски за ангажманот со целокупниот стручен колегиум кои направија се да се спроведе и заврши целиот процес.

Денеска на Клиниката, нашите партнери од Црвен Крст, д-р Саит Саит генерален секретар на оваа организација, донираа опрема за болничките соби, заштитини средства и мали транспортни апарати за механичка вентилација кои се многу корисни при транспорт на пацинети на кои им е потребна кислородна поддршка. Нашето партнерство со Црвен Крст години наназад е одлично, се интезивираше во време на пандемија. Крводарителските акции и во време на ковид кризата на запреа, а помошта од младите волонтери на Црвен Крст е клучна и во процесот на вакцинација за што сум им многу благодарен.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.