ВЕНКО ФИЛИПЧЕ : САМО СО ВАКЦИНАЦИЈА ЌЕ МУ СЕ ВРАТИМЕ НА НОРМАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ

0
133

Министерот за здравство, Венко Филипче уште еднаш преку социјалните мрежи повика на масовна вакцинација на населението, за што побрзо да се стекне колективен имунитет и да се врати животот во нормала.

„Вакцината е најдобриот начин за борба против пандемијата. Секој од нас треба да учествува во таа битка. Само така ќе може да му се вратиме на нормалното живеење, на блискоста со драгите луѓе, на дружбите со пријателите, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Пријавете заинтересираност за вакцинација на vakcinacija.mk“ , напиша Филипче.