ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ПО СТОРИЈАТА ЗА 16 ГОДИШНАТА ДИЈАБЕТИЧАРКА МИА ВЕДНАШ ПОБАРАВ ДА СЕ СРЕТНЕМЕ, ПА ОТКАКО МЕ ПОСЕТИЈА СО НЕЈЗИНАТА МАЈКА ИМ СООШТИВ ДЕКА ГИ ИМАМЕ НАЈСОВРЕМЕНИТЕ ИНСУЛИНИ ВО ЗЕМЈАВА ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК

0
331

Кога ја прочитав вчерашна сторија за 16 годишната Миа која има дијабетес веднаш ја исконтактирав и ја поканив да се сретнеме.

Миа и нејзината мајка Јасмина денеска на мое големо задоволство ми беа гости на работа.

Лично сакав да и соопштам дека денеска започна постапката за набавка на сензори за дијабет кои за прв пат во нашата земја ќе им бидат достапни бесплатно на пациентите.

Во првата фаза набавуваме сензори за сите деца до 18 години, група во која спаѓа и мојата денешна гостинка. Со следната набавка ја зголемуваме и годишната граница, наша цел е да обезедиме бесплатни сензори за сите пациенти со дијабетес и со тоа значително да им го зголемиме квалитетот на животот.

Ова е последниот сегмент за целосна промена на сликата за третманот на пацинетите со дијабет во нашата земја.

Ги имаме најсовремените оригинални инсулини, со кои обезбедуваме третман на дијабетот по примерот на земјите во Европа.

Фејсбук статус на министерот за здравство,  Венко Филипче.