Венко Филипче : После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина

0
125

После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина. Ова е дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент. За задоволни пациенти и здравствени работници. Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.