ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НА ТВИТЕР СЕ ОГЛАСИ ПО МРЧЕЊЕТО ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ СТАРИ ЛИЦА ПО НИВИ И ПЛАНИНИ : СТАРИТЕ ЛИЦА КОИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ НА ТРАКТОР СЕ БРАЧЕН ПАР КОЈ ЖИВЕЕ ВО ПЛАНИНСКИ КОЛИБИ НА МЕСТО НАД СЕЛО РАТЕВО, БЕРОВСКО КОЕ Е МНОГУ ТЕШКО ПРИСТАПНО

0
859

Фотографијата на која медицинска сестра вакцинира повозрасно лице кое седи на трактор покрена дебата на социјалните мрежи,па сметам дека е добро јавноста да ја знае позадината на целата случка.Станува збор за брачен пар кој живее во планинските колиби,место над с.Ратево,Беровско.

Местото е тешко пристапно, а лицата кои се вакцинираат на сликите воопшто не побарале асистенција или превоз од локалниот Здравствен дом во Берово. Тие одлучиле самите да дојдат на вакцинација до пунктот и се појавиле на местото.

На пунктот имало санитетско возило со фрижидер за теренска вакцинација и биле вакцинирани целосно безбедно, спротивно на тоа што сака да се прикаже во јавноста.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.