ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МУ СЕ НАЛУТИ НА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА ДЕКА КОЛОНИТЕ КОН БЕЛГРАД БИЛЕ СРАМ ЗА ДРЖАВАТА: ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, КОЛОНИ ИМАШЕ ОД СИТЕ БАЛКАНСКИ ДРЖАВИ ПА НИТУ ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ ГО ПРОГЛАСИ ТОА ЗА СРАМ, ВИЕ НАМЕСТО ДА ПОМОГНЕТЕ САМО КРИТИКУВАТЕ

0
234

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана.

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство