ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МУ ДАДЕ БЛАГОДАРНИЦА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗА НЕГОВОТО ЗАЛАГАЊЕ ДА СЕ ПРЕВЕНИРА КОВИД 19 КАЈ ДЕЦАТА

0
269

Денеска на конференцијата “Третман и превенција на Ковид-19 кај деца” во Дојран им доделив благодарници на нашите драги пријатели од Република Бугарија за несебичната поддршка во изминатиот период – на Амбасадорот Н.Е Ангел Ангелов и неговото семејство, на министерството за здравство на Бугарија и на директорката на Бугарскиот Културен центар во Скопје, Антонија Велева.

На конференцијата со свои анализи и стручни мислења учествуваа педијатри и пулмолози од двете држави кои активно и одговорно работат и помагаат од самиот почеток во справување со Ковид 19 пандемијата. Присутни беа и градоначалникот на Дојран Анго Ангов и НВО Профицио Билјана Младеновска.

Ова беше одлична можност да се разменат мислењата на повеќе теми во врска со третманот и заштитата кај децата од Ковид вирусот. Значајна помош пристигна во изминатиот период од Република Бугарија, а наскоро во очекување сме да добиеме и донација на нов мобилен мамограф. Продолжуваме и натаму да ја интензивираме нашата заедничка соработка.