ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ЈА ПРЕЧЕКАА ДОНАЦИЈАТА НА 20.000 АСТРА ЗЕНЕКА ВАКЦИНИ ИСПРАТЕНИ ОД БРАТСКА ГРЦИЈА

0
153

Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини Астра Зенека.

Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност.

За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел.

Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид 19.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.