ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ЗА ПРВПАТ ВО ЗЕМЈАВА НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО – СКОПЈЕ ВО ПЕТОКОТ БЕШЕ ИЗВРШЕН ЕКСТРАПЕРИТОНИАЛЕН ЦАРСКИ РЕЗ

0
1518

За првпат во поново време во нашата држава, на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје во петокот беше извршен екстраперитонеален царски рез.🤰

🩺Екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време првпат е реафирмирана во Франција. Ваков вид на породување со царски рез освен во Франција се изведува во Брисел – Белгија, во Загреб – Хрватска, но и во Тунис во Северна Африка.

🏨На ГАК-Скопје на 8 октомври овој вид на царски рез беше изведен врз 23-годишна пациентка, која претходно имала три големи хируршки адоменални операции заради повреди на внатрешни органи. Техниката ја примени д-р Игор Самарџиски, кој неодамна се врати од едукативен престој – активен курс во болница во Ница, Франција каде учествуваше во изведување на екстраперитонеални царски резови. Денеска на одделот пурпериум при ГАК ја посетив родилката и нејзиното новородено кои се во добра состојба и им посакав многу здравје и брз опоравок. 👐

Фејсбук статус на министерот за здравство,  Венко Филипче.