Александар е наш човек, човек на Аеродром, човек на Скопје. Комуникативен, отворен, докажан млад човек, кому му се довери задача да продолжи да ја развива Општина Аеродром во вистинскиот правец. Сигурен сум дека сте сигурни дека Александар Филиповски е најдоброто за вас и вашата општина – истакна потпретседателот Филипче од населба Лисиче во општина Аеродром.
СДСМ е одговорна партија, доследна на своите ветувања. Го вративме достоинството на здравствените работници. Континуирано ја зголемувавме основната плата на лекарите специјалисти за 40 отсто, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. Општите лекари, денеска имаат плата зголемена за 25 отсто, а здравствемите работници за 15 отсто.
Со одговорен однос и пристап кон здравствениот сектор и здравствените работници создаваме стабилен здравствен систем и креираме атмосфера во која младите здравствени работници својата иднина ќе ја гледаат дома.
Вакцинацијата е клучен фактор и најсилно оружје во борбата со коронавирусот и најсигурен начин за стекнување колективен имунитет. Податоците покажуваат дека на удар се невакцинираните, затоа апелирам на одговорност, висока свест и совесност. Здравјето е наш приоритет – порача потпретседателот Филипче од населбата Лисиче, во општина Аеродром.
Во изминатите 4 години СДСМ реализираше видливо и реално и разликата од конкурентите е јасна. Продолжуваме континуирано да создаваме, да инвестираме, да градиме перспективна иднина. СДСМ, во Аеродром го нуди најдоброто и сигурно победува со Александар Филиповски.