ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ВОВЕДУВАМЕ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА, 4 НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД ДЕБАР, ЕДНАТА ЗАБОЛЕНА Е НА ГРАНИЦА НА КРИТИЧНА СОСТОЈБА СО ДИШЕЊЕТО!!!

0
863

Владата на итна седница донела одлука за прогласување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, главното жариште на коронавирус во земјава.

Заострувањето на мерките за тој регион доаѓа откако денеска уште четворица жители на Дебар биле позитивни на тестот за коронавирус. Со тоа бројот на регистрирани случаи во земјава се искачи на 13, од кои 11 се од тој крај.

Официјална потврда на одлуките на Владата и на информациите за новозаразени се очекува по малку на прес-конференција на министрите Венко Филипче и Дамјан Манчевски.

Кризната состојба би значела забрана за влез и излез од подрачјето опфатено со мерките преку блокирање и контрола на приодите од страна на полицијата.