ВЕНКО СЕ СРЕТНА СО ЛИДЕРИТЕ НА ЛЕКАРСКИТЕ СИНДИКАТИ, СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ НЕ МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР

0
153

Тоа што од неодамна го реализиравме е зголемување на платите за 5% на вработените во здравствениот сектор започнувајќи со априлската плата, а се однесува на мартовскиот изминат месец.

Продолжуваме и понатаму да ги дебатираме и унапредуваме економските и социјалните интереси на медицинските работници. Со претставниците на Синдикатите – претседателот на ССМ Љубиша Каранфиловски и заменик претседателот на ССМ Александар Вељановски и потпретседателот на ССКЦ Предраг Серафимовски, денеска дискутиравме на теми кои ги засегаат здравствените работници и целите на кои заеднички работиме и за кои взаемно се залагаме.