ВЕНКО ГО ПОСЕТИ БЛАЖЕ САПУНЏИЕВ ОД КАВАДАРЦИ КОЈ ПРИМИ ДОНИРАН БУБРЕГ ОД ЗАГИНАТАТА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА

0
294

Вчера во Кавадарци имав чест да ја слушнам инспиративната животна приказната на младиот Блаже Сапунџиев.

Тој уште од четири годишна возраст бил на дијализа заради проблеми со бубрезите, се до неговата девета година кога му е пресаден бубрег кој му го донира неговата мајка, Форка. За жал, на 18 годишна возраст, бубрегот откажува и Блаже мора да продолжи со дијализа.

Дијализа прима уште десет години до својата 28 година. Во април годинава, Блаже добива нов пресаден бубрег од Верица, девојката која трагично настрада во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство спаси четири животи со донирање на нејзините органи.

Блаже денес живее живот без дијализа со своето прекрасно семејство благодарение на органодарителството и хуманоста на семејството на Верица. Во изминативе 15 месеци навистина постигнавме чудо во оваа област.

Изведовме четири трансплантации на срце, 12 бубрези и за прв пат се изведе трансплантација на коскено ткиво.

Фејсбук статус на министерот за здравство,  Венко Филипче.