ВЕЛЈАНОВСКИ : НЕМА ФАБРИКА ЗА АВТОМОБИЛИ, НЕМА СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР, НЕМА АВТОПАТ – КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИЗА ТЕТОВО ОСТАНАА ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА

0
211

Претседател на Александар Велјановски, пратеник и претседател ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово.

Почитувани,

Се наоѓаме на локацијата на која што досега требаше да започне со работа ветената фабрика за електрични автомобили којашто ја вети СДС во Тетово.

Празните ветувања што ги ширеше власта за капитални проекти за Тетово останаа само тоа, празни ветувања.

Неспособноста на СДС и ДУИ најдобро се отсликува во Тетово.

Откако се вети мега проектот за отворање на фабрика за електрични автомобили во Тетово, бомбастично најавена како досега најголема инвестиција за ТИРЗ зоната во градот, вредна 130 милиони евра и капацитет за вработување од 900 лица, се удри и камен темелник. Од удирањето на камен темелникот, на 13 август 2022 година до ден-денес тетовчани можат да видат само дека е фрлена првата лопата. Фабриката, вработувањата, ветувањата за прогресот во автомобилската индустрија и фамозните 130 милиони евра државна помош – пропаднаа во ископаната дупка што е огледало на владеењето на сегашната власт.

А што да кажеме за коридорот осум? Свечено се фрлаа лопати, се минираше, се поставуваа табли, се носеа маички со бројот осум. И нормално, се ветуваше дека во најбрз можен рок ќе започне со употреба истиот. Законот се изгласа експресно, свечено се фрлија три лопати и се платија 189 милиони евра. Допрва треба да се платат 245 милиони евра, па во 2025 – 299 милиони евра, а во 2026 – 260 милиони евра, народни пари. А на терен нема ништо. Дури ни таблата што беше свечено поставена, сега ја нема.

Уште една голема лага беше и ветувањето за мега инвестицијата од 180 милиони евра на Попова Шапка од до ден денес која нема ништо.

Лагите и ветувањата на СДС и ДУИ за Тетово останаа само на  „ќе“.

Едноставно, никогаш не било полошо, на народот му е преку глава од хаос и нефункционалност на институциите.

Нема ништо пд големите ветувања за инвестиции во Тетово.

Почитувани, СДС и ДУИ се извор на криминал и корупција. Грабаат немилосрдно додека народот се дави во сиромаштија. Зголемени сметки за струја, покачени цени за услугите во Катастар, прескапа храна и потрошувачка кошничка за која не се доволни две минимални плати.

Затоа е важно да се промени власта! За брзо ќе дојде денот кога ќе се казнат сите неправди, сите манипулации, сите лаги на СДС и ДУИ.

Многу скоро, овој народ ќе си ја врати татковината кај себе.

Важно е да ги поразиме и да се избориме. Да истраеме силно, одлучно и да успееме. Немаме друга татковина.