ВЕЛЕШАНЕЦ СО ПУШКА ГИ НАПАДНАЛ СИНОТ И СНААТА, ПА БИЛ НАТЕПАН

0
1205

Вчера околу полноќ било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна”, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин му упатувал закани на неговиот син Б.Н.(29) и неговата снаа А.Н.Н.(25), по што испукал еден куршум во воздух.

Таткото потоа се обидел физички да го нападне синот, но тој му ја одземал пушката и го истепал.За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.