ВЕЛЕС ЌЕ ДОБИЕ НОВА ПОДЗЕМНА КАТНА ГАРАЖА И НОВ ГРАДСКИ ПЛОШТАД, ИЗЈАВИ МАРКО КОЛЕВ

0
77

Подземната катна гаража и градскиот плоштад стануваат реалност!

Денес ја потпишав апликацијата која Општина Велес ја достави во Министерството за локална самоуправа за финансирање на овој значаен капитален проект за Велес.

Се надеваме на позитивен одговор од Владата на Република Македонија за изведба на подземната катна гаража и уредување на градскиот плоштад, со што централното градско подрачје ќе биде функционална целина и ќе се решат многу значајни проблеми за велешани.

Поубав Велес е реалност, продолжуваме посветено!

Инстаграм статус на градоначалникот на Општина Велес.